Стекнатите работнички права треба да се почитуваат, рече Мицкоски за намалувањето на празниците за работниците

-Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за предлогот на Стопанската комора на Македонија за намалување на празниците за работници смета дека стекнатите права треба да се почитуваат. 

-Во принцип мислам дека стекнатите работнички права треба да се почитуваат и тука немам никакви дилеми-подвлече Мицкоски. 

Инаку, вчера Стопанската комора на Македонија на прес-конференција најави дека набргу до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени на Законот за празниците, со кои бројот на неработни денови индиректно би се свел на 13, а празниците што се паѓаат во недела повеќе не би се префрлале како неработен ден во понеделник.

Според проектниот менаџер во Стопанската комора, Анета Димовска,  предлогот не предвидува укинување на постојните празници, туку ревидирање на правото на користење неработни денови. Веднаш реагираа и претставниците на Синдикатите, кои се спротиставија на дадениот предлог, со кој би се намалиле празниците за работниците.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ