Претседателот Доналд Трамп за една година направил над 21.000 трансакции со акции и други хартии од вредност. Ова е јасно од инвестициските сметки на Трамп, пишува „Шпигел“. За споредба, неговиот претходник Џо Бајден пријавил само 13 трансакции со хартии од вредност во текот на целиот свој четиригодишен мандат.
Според германскиот медиум, декларацијата открива средства, вклучувајќи заработка од криптовалути од над 1,4 милијарди долари, значителни дивиденди, бројни недвижнини, златни прачки и пазарни сметки со салда од над 100 милиони долари.
Документот содржи и информации за примени подароци, вклучувајќи 10 билети за Светското првенство во вредност од 15.000 долари, обезбедени од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.






