Бугарија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Бугарија

Во септември се очекува нова средба на членовите на Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија.Терминот се’ уште не е утврден, вели членот на оваа Комисија, Љупчо Ристески. Договорен е дневниот ред. Членовите се  очекува да разговараат за дефинирањето на средновековниот период во учебниците и за постигнување на платформа за заедничко чествување на Гоце Делчев. […]

Во ексклузивното интервју во емисијата „Стадион“ на Канал 77,  професорот Ѓорги Поп-Атанасов вели дека препораките од историската комисија за научната заедница се ништовни. Поп-Атанасов, кој е специјалист за старословенски ракописи, смета дека  светите Кирил и Методиј заеднички треба да ги славиме со Чешка и Словачка, додека Свети Климент  бил протеран од бугарскиот двор. Зборувајќи за […]

Едноставно се нема доверба. Кога ќе влезат Бугарите во уставот, јас мислам дека ќе има следно барање, тоа е акцискиот план за правата на Бугарите  и тогаш од 3500 ќе се бара тие да станат 120.000, изјави Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ во денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77 на тема Преговарачката рамка со […]

Според копретседателот на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, професорот Драги Ѓоргиев се што ќе прави Комисијата се однесува и за Македонија и за Бугарија Не постојат еднострани обврски, и се е на база на реципроцитет. -Не може Северна Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не […]

Моето мислење го кажав уште дента кога го видов првичниот предлог од Франција, мислев и тогаш дека тоа е добра основа за да се најде компромис со Бугарија. Во меѓувреме и бугарскиот Парламент создаде предуслови за кревање на ветото, изјави поранешниот премиер и 14 месеци олеснувач во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски при денешното гостување […]

Ќе биде срамно, за двете држави и народи ако спорот продолжи уште 30 години, вели бугарскиот професор Стефан Дечев за емисијата „Стадион” на Радио Канал 77. Тој вели дека со колеги од Македонија и од други земји работат да најдат  решение врз основа на современата историографија, современите хуманитарни и социјални науки за наоѓање на подобни  […]

Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев не е оптимист дека Бугарија наскоро ќе го одблокира македонскиот пат кон Брисел.   „ Бугарија нема да го тргне ветото. Тие политичари што би го направиле тоа би се посипале со пепел. Едноставно нивната јавност не може да го издржи тоа. Има еден парадокс, Тодор Живков од една […]

Бугарскиот режисер Владлен Александров  смета дека проблемот помеѓу Македонија и Бугарија може да се надмине само преку културната соработка. Изминатата недела во кумановскиот театар се одржа премиерата на претставата „Драма изгубена во времето” од Сашко Насев во режија на Александров. Оваа пиеса предизвика голем интерес кај публиката и покрај ковид мерките кои се уште се […]

Бугарскиот историчар, професорот Стефан Дечев во интервју „Стадион“ на Радио Канал 77 вели дека заедничката комисија е на долгорочни патеки, но досега ништо не завршила работа иако мисли дека многу нешта се побрзи и појасни за решавање. Големиот проблем е што Бугарската страна мисли дека сто проценти од вистината е на нејзина страна и смета […]

За наводната пооддршка за бугарската блокада на Македонија во ЕУ, објавена од еден бугарски медиум,  вицепремиерот на Бугарија Краисимир Каракачанов во емисијата „Стадион“ на Канал 77, рече дека нема таква информација. Каракачанов негираше и дека Бугарија ставила вето. -Разговорот за членството на Македонија во ЕУ многу погрешно се претставува во Македонија. Бугарија не стави вето, […]


Во етер
Наслов
Изведувач

Background