Давањето на услуги преку форма на јавно - приватно приватно партнерство е ретко практикувано и релативно нов принцип на работа во државата. Главната цел на ЈПП е вклучување на приватниот сектор во обезбедувањето на јавни услуги, со што улогата на јавниот сектор се менува од сопственик кон купувач и чувар на јавните интереси. Приватниот партнер влегува за да заработи, но јавниот партнер, во случајот општината, е тој што го чува интересот на граѓаните. Ова се води од верувањето дека јавниот […]
Одредбата во член 102 од законот за ААВМ е преригорозна, но сепак непочитувањето значи кривично дело за за несовесно трошење на буџетски пари и има елементи на неколку кривични дела, изјави претседателот на ДИК ,Оливер Дерковски во гостувањето на емисијата Стадион. ,,Поради тоа носителите и вршителите на јавни функции да не ја прекршуваат оваа одредба“, посочува Дерковски. https://www.youtube.com/watch?v=P-kpojeyZFE&feature=emb_title
За претседателските избори на кои што имаше тројца кандидати, се исплатија 3,7 милиони евра евра и во право се сомневањата околу нивната распределба, вели претседателот на ДИК, Оливер Дерковски во емисијата Стадион на тема „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“. ,,Индикативно е тоа што пред претседателските избори медиумите ги зголемија цените затоа што тогаш немаше одредба која што ја задолжуваше ДИК да пресмета цена , беше оставено тоа да го направат медиумите“, вели Дерковски. https://www.youtube.com/watch?v=jVc_57uvlt4&feature=emb_title
Нема ниту една претставка во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), за прекршување на член 102 од законот за ААВМУ, ниту пак за корупција на градоначалниците, изјави во емисијата Стадион ,членот на Антикорупциска Катица Николовска. https://youtu.be/Li3z9mlebVw
Според нашите анализи повеќе од половината од општините и комуналните претпријатија не го почитуваат членот 102 од законот за ААВМУ , со кој што се забранува нивно рекламирање во медиумите, дали ќе има правни последици не можам да кажам ќе видиме бидејќи анализите се уште се прават, изјави Драган Секуловски во гостувањето во емисијата Стадион на тема „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“, Ако половина од буџетот на еднен локален или регионален медиум се полни од државата […]
https://youtu.be/O2mHBxz_1Fw
Медиумите се релативно скапа работа а парите во игра се мали, вели политикологот Борјан Ѓузелов во гостувањето на Стадион на тема „ Државни пари за медиумски опстанок или медиумски „шепот“. Државната поддршка за нешто што треба да значи јавна сфера и јавен интерес, информациите за активностите на централно или на локално ниво, не е нужно лошо, проблемот се јавува кога тоа ќе се злоупотреби.Тоа беше така изминатите единаесет години а и сега се изнаоѓаат иновативни начини тоа да се злоупотреби.Ние […]