Во дневните билтени на МВР скојдневно има пријави за насилство. Денешниот билтен донесува дури 25 пријави за насилници низ државава.
Ова се регистрираните насилници:
-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(49) од пробиштипско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 07.11.2026 во семејната куќа, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 17.10.2026 во кумановско, пријавениот физички ја нападнал неговата партнерка.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Г.(27) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда”. На 30.10.2026 во семејниот дом во Крива Паланка, пријавениот физички нападнал едно лице.
-На 18.11.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Б.К.(44) од Скопје затоа што спречувала полициски службеници во извршување на службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Љ.Н.(54) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” и „неизвршување на судска одлука”. На 15.11.2026 во семејниот дом во Свети Николе, по претходна расправија, пријавениот упатил закани кон неговите сопруга и ќерка, со што постапил спротивно на изреченото Решение на Основниот суд во Свети Николе, со кое му се забранува да се заканува и да ги малтретира и вознемирува.
-На 19.11.2026 во 00:05 часот во Полициската станица Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.И.(45) од Скопје затоа што физички ја нападнал неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.К.(39) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. Во период од 01.08.2026 до 13.11.2026, пријавениот во четири наврати преку апликација на социјална мрежа упатувал закани на едно лице.
-На 18.11.2026 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.С.(32) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 23-годишна жена дека ја вознемирувал, односно ѝ се јавувал телефонски, ѝ пишувал пораки и ја следел пред нејзиниот дом, а исто така и тропал на влезната врата од домот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-На 18.11.2026 околу 14:30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(40) од Скопје. Според пријавеното, од вработена во продажен објект тој бил забележан како одзел предмети, по што заедно со едно женско лице физички ја нападнале вработената. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.А.(36) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 16.08.2026 во казино во Крива Паланка, пријавениот физички го нападнал лице од обезбедување во казиното.
-На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР Скопје, С.М.П.(33) од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во тоалет од основно училиште на подрачјето на Радишани, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Н.(35) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид”. На 15.11.2026 во дворот на А.Н. во с.Чегране, по претходна распрација и физичка пресметка, пријавениот со остар предмет му нанел убодна рана на А.Н..
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Љ.(49) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 19.07.2026 во Гостивар, пријавениот упатил закани кон новинар во локална дигитална телевизија во Гостивар, додека извршувал работни задачи.
-На 18.11.2026 во 11:30 часот во СВР Охрид, од основно училиште во Охрид е пријавено дека нивна 11-годишна ученичка во семејниот дом била физички малтретирана од нејзината мајка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против И.А.(46) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука”. На 17.10.2026, пријавениот бил затекнат во семејната куќа на неговиот брат и со тоа не се придржувал на судската одлука донесена од Основен суд Штип, со која е изречено забрана да се заканува да го малтретира и вознемирува неговиот брат.
-На 19.11.2026 во 03:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода В.М.(42) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата вонбрачна партнерка, дека физички ја нападнал по кратка расправија во неговиот дом. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
-На 18.11.2026 во 17:30 часот во ОВР Прилеп, 85-годишен жител на прилепско пријави дека, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-На 18.11.2026 во 20:30 часот во радовишко село, полициски службеници од СВР Струмица–ОВР Радовиш лишија од слобода 38-годишен жител од селото, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот е известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-На 18.11.2026 во 17:10 часот во СВР Скопје Н.С.(45) од с.Пагаруша, скопско, пријавила дека околу 13:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку малолетнички, додека пак еден малолетник го снимал настанот со мобилен телефон, по што е објавен на социјална мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.Д.(20) и Д.Д.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” и против Д.Д.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 01.11.2026 во семејниот дом во Штип, по претходна расправија, првопријавениот извршил психичко насилство врз неговата мајка, второпријавениот кон крајот на октомври 2026 година во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, додека на 30.10.2026 во семејниот дом третопријавениот упатил закани по животот на својата мајка.
-На 18.11.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје, 34-годишен маж пријави дека на 16.11.2026 во домот на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната со тврд предмет од нејзиниот очув Ф.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 19.11.2026 во 00:00 часот во СВР Скопје, Е.М.(40) од Скопје пријави дека на 18.11.2026 околу 17:00 часот на своето работно место во фирма на подрачјето на Центар, едно лице му упатувало закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.М.(50) од с.Форино, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие”. На 30.07.2026 во угостителски објект во с.Чегране, пријавениот ја заклучил влезната врата и им укажал на женски лица, кои работеле во локалот, да побегнат од задниот влез од објектот и на тој начин ги спречил полициските службеници при извршувале службени дејствија.
-На 18.11.2026 во 21:45 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзиниот чичко М.Ф., кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 18.11.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, И.Б.(44) пријави дека околу 15:00 часот на работното место во објект на пошта на подрачјето на Ѓорче Петров, едно женско лице му упатувало закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.







