Светот на спортот е завиен во црно по потврдата на веста дека Вилнер Ривас (31), капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Венецуела, го загубил животот во катастрофален земјотрес. Спасувачите го пронашле неговото тело под урнатините на станбената зграда, заедно со телата на неговата сопруга Марианчел Перез и нивниот син Тео.
Семејството Ривас е исчезнато од 24 јуни, кога силни земјотреси го погодија северниот дел на Венецуела. Нивниот дом во државата Ла Гваира целосно се урна, а неколкудневните апели на соиграчите и роднините за забрзување на потрагата, за жал, завршија со трагичен исход.
Se ha confirmado que Willner Rivas, su esposa Mariangel Pérez y su pequeño hijo Theo han sido encontrados sin vida tras haber quedado sepultados hace once días por el terremoto que asoló Venezuela.
— Club Voleibol Guaguas Las Palmas de Gran Canaria (@cvguaguas) July 5, 2026
Desde el CV Guaguas nos unimos al dolor de su familia.
Descansen en paz. pic.twitter.com/4x1k4H8fRl
Тажната вест прв ја објави новинарот Даниел Бортолето на страницата Web Vôlei, а подоцна беше официјално потврдена од Венецуелската одбојкарска федерација и шпанскиот клуб Гвагуас, за кој Ривас требаше да игра од следната сезона.
Ривас беше едно од најважните имиња во венецуелската одбојка. За време на неговата богата меѓународна кариера, тој играше во Италија, Франција, Турција, Аргентина и Блискиот Исток, а во претстојната сезона се очекуваше да дебитира во Лигата на шампионите. Одбојкарските здруженија и клубовите ширум светот им упатуваат најдлабоко сочувство на семејството и пријателите, пишува новости.рс.

