СВР Охрид уапси тројца насилници од Битола, тепале татко во Пештани, кој држел дете во раце, па го повредиле и детето.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(47), О.Р.(22) и А.Р.(25), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете”. На 23.08.2026 во охридското село Пештани, пријавените физички го нападнале Р.Б., кој во раце го држел неговото малолетно дете, кое во нападот се здобило со телесни повреди. По брза интервенција на полициските службеници, напаѓачите биле пронајдени и лишени од слобода, информираат од МВР.







