Здравствените капацитети дијагностички се подигнати максимално, ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, сега 4 до 8 анализи дневно
Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западно-нилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективна клиника. Од потврдените случаи, најголем дел се згрижени во Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски.
Министерот додаде дека досега има три смртни случаи на овој вирус, додека 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни а болести.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
Тој истакна дека во моментот најактивно подрачје во Европа со западно-нилска треска е Атина и посочи дека во Грција досега има 81 случај со невроинвазивна форма и девет починати, а веќе има случаи и во пограничните зони со Македонија.
– Здравствените капацитети дијагностички се подигнати максимално, ако минатите години се правеле по 40 анализи годишно, ние сме веќе на ритам од 4 до 8 анализи дневно, а да потсетам дека двапати треба два независни теста за конечна потврда на дијагнозата, рече Клековски.
Прочитајте исто така: Мал дел завршуваат во болница, асимптоматските остануваат невидливи, а лесните никогаш нема да бидат препознаени како Западнонилска треска, вели д-р Даниловски
Додаде дека веќе се информирани сите доктори кои можат да дојдат во контакт со евентуално заболени пациенти.
Прочитајте исто така:Тресе епидемија на западнонилска треска – а во Скопје ќе прскаат против комарци дури утре, реагираат од СДСМ
– Веќе се информирани сите инфективни одделенија, матичните лекари, семејните лекари, Клиниката за неврологија а и невролозите генерално, така што алертот за препознавање и дијагностицирање ааа е тука и капацитетот за дијагностицирање е тука – посочи Клековски.
Тој истакна и дека во однос на мапирањето на заболените, треба да се прави разлика меѓу местото на живеење на лицата и местото каде што се заболеле од вирусот. МИА






