Сменети, но уште една година на државна плата: Филков, Лимани и Трипуновски ќе добиваат плата уште една година

Поранешните министри Игор Филков, Фатмир Лимани и Цветан Трипуновски, кои беа разрешени како министри во јулската реконструкција на Владата, добија право да примаат плата уште 12 месеци по престанокот на функцијата.
  • Филков, Лимани и Трипуновски беа дел од владата формирана во јуни 2024 година
  • Правото на плата им следува откако ќе поднесат барање
  • Сите тројца имаат право на плата за 12 месеци

Одлуката денеска ја донесе Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Решенијата за тројцата поранешни министри беа усвоени едногласно, а правото е утврдено согласно член 19 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица.

Слушајте радио во живо

Според официјалната страница на Владата за платите на членовите на Владата, нето-платата на министер изнесува 115.540 денари месечно. Истиот износ е наведен и за Филков, Лимани и Трипуновски.

Прочитајте и за ова:

Наместо да се откупува по 40 денари, 20 денари пиперка „ајварка“ од прва класа! Самоволие на откупувачите, земјоделците со блокада

Филков, Лимани и Трипуновски беа дел од владата формирана во јуни 2024 година, а од функциите беа разрешени во јули 2026 година. Со јулската реконструкција беа разрешени вкупно осум министри, но на четворица им се најдоа други места. Иван Стоиљковиќ стана министер за локална самоуправа, на местото на Златко Перински, кој го презеде Фондот за здравствено осигурување, додека Шабан Салиу и Зоран Љутков станаа национални координатори. Азир Алиу останува универзитетски професор.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ