Уапсени две жени, едната од Охрид, другата од Крива Паланка, тепале полицајки.
Во соопштението од МВР се вели:
-На 26.08.2026 во 23:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода В.С.(22) од Крива Паланка, постапувајќи по претходна пријава дека истиот ден во населба „Баглак” во Крива Паланка го нарушила јавниот ред и мир, по што се однесувала агресивно и физички нападнала полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против неa ќе биде поднесена соодветна пријава.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „загрозување на сигурноста”. Таа, на 12.08.2026 во 01:00 часот, пред објект на СВР Охрид физички нападнала полициска службеничка, која извршувала службени активности од областа на безбедноста и и упатила закани, по што веднаш била лишена од слобода.






