СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН ОД 18:00 ДО 20:00 часот
Секој работен ден од 18 до 20 часот по напорниот работен ден имаме една мисија да Ве забавуваме и опуштиме. Без разлика дали не слушате на работа, дома, додека спортувате ќе слушате само хитови! Уживајте во вечерта со Ребека!
Вечерта има посебна енергија, особено кога ја поминуваш во одличен ритам.
Секој работен ден, од 18:00 до 20:00 часот, најголемите и најновите хитови ги слушаме во „Вечер со Ребека“. Ова е вашето време за опуштање, пријатен разговор и едноставни нешта што го разубавуваат денот. Дома, на работа или во движење – слушаме музика на фреквенција што носи добри вибрации.
Во оној дел од денот, кога сѐ забавува, мојата мисија е да го одржам ритамот кој носи насмевки и добро расположение. Се инспирираме, се мотивираме и потсетуваме дека денот има убав крај кога ќе го споделиш со некого.
Појачај го радиото зашто секој ден заслужуваш малку уживање!