Веќе лепачи на плакати не требаат, тоа е застарено, вели Наско Насев од СДСМ, гостин во Стадион на Канал77

. Дедо ми беше тренер, татко ми книжевник, а јас сум во сосема поразлична насока и ќе се градам во тоа поле

. Смачено ми е да слушам дека ние младите сме проблем, политичките подмладоци служат да ги пренесат проблемитена младите

.

Насе Насев, магистрант и член на СДСМ беше гостин во емисијата Стадион на Канал77, во која беше разговарано за- разговори за иднината 12 и 5 или тајната вечера за СДСМ и Македонија. Односно што го тера младиот човк во Македонија да се занимава со политика, иако политиката, според младите, е демоде. Насе Насев, како дедо му и татко му ја продолжува семејната традиција да се членува во СДСМ.

Видете исто така: Истополовите партнери не можат да ги уживаат истите права како и венчаните – Томшиќ во „Стадион“

Но, тој вели дека членувањето во СДСМ не е поради тоа, туку дека и тој е демократ по убедување и немало никаква насока околу членување во некоја партија.

-Ако ние не се бавиме со политика, политиката ќе се бави со нас. Поривот на млаиот човек кога ќе види нешто што не му се допаѓа а има идеи е причина младите да се занимаваат со политика. Веќе лепачи на плакати не требаат, тоа е застарено. Таквиот концепт на млади луѓе треба да биде заборавен. Нема да зборувам во името на сите млади, но лично сметам дека многу е битно младите да бидат носители на промените, реле Насев.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Погледнете го целиот разговор во видеото подолу:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ