Вештачката интелигенција во фокусот на научна конференција на УГД во Штип

Над 100 научници и истражувачи од 15 земји учествуваат на дводневната Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, која по 13-ти пат ја организира Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Конференцијата отвора прашања за правото, образованието и примената на вештачката интелигенција.
Научна конференција на УГД - „Социјални промени во глобалниот свет“ | Фото: Каровски Мартин
Научна конференција на УГД - „Социјални промени во глобалниот свет“ | Фото: Каровски Мартин

Научници од 15 земји на конференцијата во Штип

Вештачката интелигенција и иднината на кривичните истраги

Правното образование пред нови предизвици

Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип е домаќин на 13-тото издание на Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“. Дводневниот научен настан ги обединува научниците и истражувачите од различни области, кои разменуваат искуства и ставови за актуелните општествени и научни предизвици.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Деканката на Правниот факултет при УГД-Штип, Билјана Тодорова, истакна дека на конференцијата учествуваат над 100 научници и истражувачи од 15 земји во светот.

„За нас е од особено значење што и оваа година конференцијата е место каде што се среќаваат различни научни области, искуства и се споделуваат различни перспективи-вели Тодорова.

Проф. д-р Билјана Тодорова, декан на Правниот факултет при УГД | Фото: Каровски Мартин
Проф. д-р Билјана Тодорова, декан на Правниот факултет при УГД | Фото: Каровски Мартин

Вештачката интелигенција како алатка во кривичните истраги

Една од темите на конференцијата е примената на вештачката интелигенција во кривичните истраги и правното образование. Професорот Кејси Чу од Ендикот Колеџ од САД зборува за меѓународната соработка во развојот на наставни програми за истраги на сајбер-криминал, како и за правното образование во ерата на вештачката интелигенција.

Тој истакна дека вештачката интелигенција може да помогне во обезбедувањето информации за планирањето на кривичното дело, лоцирањето на лицата од каде дејствуваат, лицата со кои комуницираат и нивните планови. Според него, на овој начин вештачката интелигенција може да придонесе за поефикасна истрага.

„Како што на почетокот кажав, вештачката интелигенција може да ја насочува кривичната истрага. Не сакаме вештачката интелигенција да ја донесува одлуката во име на човекот за тоа кој ќе биде осомничен и како ќе се води постапката. Секогаш треба последниот да одлучува, а тоа е човекот и сè зависи од одлуката на човечкиот фактор, а не од вештачката интелигенција-вели Чу.

Проф. д-р Кејси Чу, Ендикот Колеџ - САД | Фото: Каровски Мартин
Проф. д-р Кејси Чу, Ендикот Колеџ – САД | Фото: Каровски Мартин

Вештачката интелигенција во правното образование

За потребата од воведување алатки на вештачката интелигенција во правното образование говореше и универзитетската професорка Хелга Шпадина од Правниот факултет во Осијек, Хрватска.

Таа истакна дека примената на новите технологии нема да ја намали улогата на наставникот. Напротив, според неа, наставникот во времето на вештачката интелигенција има уште позначајна улога во образовниот процес.

„Примерите на европската пракса покажуваат зошто ни е важно објаснувањето, интерпретацијата на правните норми и зошто тоа може да го направи само човекот и тој дел не може да де препушти на вештачката интелегенција, вели Шпадина.

Проф. д-р Хелга Шпадина, Праен факултет Осијек, Хрватска | Фото: Каровски Мартин
Проф. д-р Хелга Шпадина, Праен факултет Осијек, Хрватска | Фото: Каровски Мартин

Шпадина посочува дека разбирањето и толкувањето на правните норми остануваат важен дел од правното образование, особено во услови на зголемена употреба на алатките на вештачката интелигенција.

Конференцијата продолжува и утре

Меѓународната научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ се одржува денеска и утре во организација на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ | Фото: Каровски Мартин
Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ | Фото: Каровски Мартин

Преку учеството на научници и истражувачи од 15 земји, конференцијата овозможува размена на научни ставови и отворање дискусии за влијанието на современите општествени и технолошки промени врз правото, образованието и институциите.

Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ