Откако Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ѝ го врачија трофејот на Шпанија, американскиот претседател им се приближи на играчите за да им честита, а потоа остана на сцената за време на прославата на титулата, пренесува Б92.
Снимката, која набрзо стана вирална, го прикажува Инфантино како се обидува да го натера Трамп да се тргне настрана и да им го отстапи центарот на вниманието на фудбалерите. Сепак, американскиот претседател остана со славениците, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
The Spain national football team has officially edited Trump out of the trophy presentation. https://t.co/EnhSimsMuI pic.twitter.com/OAYqsIQjj8
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) July 20, 2026
Кратко по финалето, шпанската фудбалска репрезентација објави на својот профил на социјалната мрежа Х фотографии од прославата на освојувањето на титулата. Корисниците брзо забележаа дека на една од официјалните фотографии не е прикажан Трамп, бидејќи е исечен од кадарот.
Токму овој детаљ предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
„Шпанија го исфрли Трамп од фотографијата“, напиша демократскиот активист и креатор на содржини, Хари Сисон.
Набрзо следеа и други коментари. Еден корисник на шпански напиша: „Хахаха, го отстранија Трамп“, додека друг на француски рече: „Го избришаа оној чие име не се споменува“.






