(Видео) Наместо Меси-реклама! Скандал на церемонијата во Аргентина

Лионел Меси синоќа се збогуваше со репрезентацијата на Аргентина. Сепак, еден детаљ фрли сенка врз целиот настан и, на некој начин, ја расипа историската ноќ во која големиот Меси се збогуваше со својот омилен дрес.

Во еден момент од церемонијата, сите на стадионот, вклучувајќи го и Меси, гледаа кон небото и чекаа на шоуто со дронови што се подготвуваше.

Дроновите полетаа во небото и првото нешто што го формираа беше – реклама.


Ликот на Меси и другите симболи поврзани со Аргентинецот се појавија дури откако „Санкор Сегурос“, што е името на водечката осигурителна компанија во Аргентина, беше прикажан на небото неколку секунди.
Ова ја налути публиката на стадионот, која го исвирка овој настап, а веројатно и самиот Меси не беше среќен кога сфати дека неговиот најемотивен момент во кариерата е комерцијализиран до точка на невкус, пренсува вјести.ба

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ