(Видео) Дали бомбата кај вработениот во МВР води до провизии од 300.000 евра за тендери, праша Димитријевиќ

Фото: СДСМ

Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме. Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци. Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август. Кој е Милко Бошковски? Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал. Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на партискиот генерален скеретар Александар Саша Димитријевиќ.

Понатаму тој рече:

-Негов личен пријател и според нашите информации близок соработник.

Ова не е обичен безбедносен инцидент.

Прашњето е зошто се крие од јавноста овој настан?

Која е позадината?

Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа.

Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби?

Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија  дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии.

Јавно го повикуваме Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери овие наводи и основани сомнежи и да одговори:

Дали е во прашање провизија – мито од 300.000 евра за бизниси и тендери?

Каде требало да завршат 300.000 евра?

Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје?

Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени?

Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник?

Вака изгледа кога организирана криминална група владее со државата.

Граѓаните очекуваат одговори, граѓаните очекуваат одговорност.

Видеото може да го видите ТУКА.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ