(Видео) Дедо(87) возел во спротивна насока на „Партизанска“, полицијата го уапси

Фото: Принтскрин

Полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Карпош при СВР Скопје денеска лишиле од слобода 87-годишно лице од Скопје, откако на социјалните мрежи било објавено видео на кое се гледа како управува патничко возило во спротивна насока на булеварот Партизански одреди.

Како што соопшти МВР, по преземените мерки и активности, полицијата утврдила дека станува збор за лицето И.Г. (87) од Скопје, кој е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело според член 297-а став 1 од Кривичниот законик.

Со лицето бил извршен службен разговор во просториите на Полициската станица Карпош, а во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Возилото е привремено одземено за понатамошна постапка, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ