(Видео) „Овде почнав, овде завршувам“ – Нејмар во солзи се прости од Бразил

Фото: Јутјуб

По поразот од Норвешка со 1-2 и елиминацијата на Бразил од осминафиналето на Светското првенство, бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека неговата репрезентативна кариера е завршена. 34-годишникот беше многу емотивен за време на интервјуто за ТВ Глобо; не можеше да ги задржи солзите по завршувањето на натпреварот во Ист Радерфорд (Њу Џерси), каде што го постигна единствениот гол за Бразил од пенал во судиското продолжение.

„Се обидов, дадов се од себе. Сега е готово. Тука почнав, тука завршувам“, рече Нејмар.
Тој го имаше својот прв настап за Бразил во пријателски натпревар против Соединетите Американски Држави на 10 април 2010 година на стадионот „МетЛајф“, истиот стадион каде што се играше осминафиналето против Норвешка во недела, постигнувајќи гол на своето деби, пренесува вечерњи лист.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ