Страшна несреќа се случила на Октоберфест во Минхен, каде што граѓанин на Србија (52) го загубил животот ,откако бил удрен од гондола за време на работа.
Според првите сознанија на полицијата, работникот на Октоберфест бил на земја во моментот на несреќата, во областа што претставувала опасната зона. Во моментот кога гондолата од голема висина се упатила кон земјата со голема брзина, го удрила работникот и сериозно го повредила.
Мажот бил реанимиран на местото на несреќата, а потоа бил пренесен во болница во Минхен со повреди опасни по живот. Лекарите се обиделе да му го спасат животот, но тој им подлегнал на повредите.
Засега не е познато зошто работникот бил во област каде што не му било дозволено да биде во ткот на возењето. Полицијата започнала истрага за да ги утврди сите околности и причината за несреќата. Фотографиите од местото на несреќата покажуваат како полицијата го блокирала просторот околу атракцијата „Мамурлак“, каде што се случила трагедијата.
Областа околу атракцијата била блокирана веднаш по несреќата, додека спасувачките екипи интервенирале на местото на трагедијата. Патниците кои биле на атракцијата во моментот на несреќата не биле загрозени, објави полицијата.
Полициските службеници бараат сведоци и особено апелираат до секој што има видео снимки од несреќата да ги контактира.
Смртоносната трагедија се случи само неколку дена по друг инцидент на Октоберфест. Во саботата навечер, патниците на вртелешка биле заглавени околу две минути, при што биле превртени наопаку, пред да бидат ослободени, пренесува сд.рс.
Како можна причина за дефектот во тоа време бил наведен неисправен сензор. По дополнителна инспекција од страна на ТÜВ, атракцијата повторно добила лиценца истата вечер.



