(Видео) Погледна кон небото и заплака – Вдовицата на Мишо скршена од болка на последното испраќање

Фото: Јутјуб видео

Додека илјадници луѓе го испраќаа легендарниот пејач со песна, неговата сопруга беше совладана од тага.

Таа погледна кон небото и плачеше. Додека возилото со ковчегот на Миша Ковач минуваше низ Пољуд, неговата сопруга Лидија беше совладана од емоции. Големи темни очила, слични на препознатливите Реј-Бан очила на Миша, ги криеја нејзините очи, но не и болката на нејзиното лице.

Таа беше со него речиси 28 години. Се запознаа во 1998 година на неговиот концерт во загрепски клуб, а четири години подоцна го кажаа судбоносното „да“. Поминаа 24 години во брак. Мишо никогаш не криеше колку му значеше Лидија. Таа беше неговата најголема поддршка во тешките моменти од неговиот живот, а тој често истакнуваше дека токму таа му ја врати волјата за живот, пренесува 24сата.хр.

Погледнете го видеото од последното испраќање на легендатата:

Легендарниот хрватски пејач Мате Мишо Ковач почина на 86-годишна возраст. Со смртта на Мишо Ковач, музичката сцена загуби еден уникатен великан кого ќе биде тешко повторно да се сретне. Неговите песни, едноставни, но исполнети со неверојатно искрени емоции, ќе живеат во срцата на луѓето засекогаш.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ