(Видео) Ромеро не му пружи рака на Трамп

Фото: Х видео

Аргентинскиот фудбалер Кристијан Ромеро се најде во центарот на вниманието по церемонијата на доделување медали по финалето на Светското првенство во Њујорк. Видео кое брзо се прошири на интернет го прикажува одбранбениот играч како поминува покрај американскиот претседател Доналд Трамп без да се ракува додека го прима сребрениот медал, што предизвика бројни реакции. Целиот настан беше само еден во низата непријатни моменти за Трамп на стадионот „МетЛајф“, пишува Goal.com.


Наводниот потег на Ромеро беше само дел од непријатната вечер за американскиот претседател. Десетици илјади гледачи на стадионот го поздравија со свирежи штом неговата слика се појави на екраните пред натпреварот, а негативната реакција продолжи кога тој излезе на теренот.

Проблемите продолжија и по финалето, кога Трамп не го напушти веднаш подиумот. Претседателот на ФИФА, Инфантино, мораше да го насочи кон излезот, така што прославата на шпанските фудбалери остана во центарот на вниманието, пренесува индeкс.хр.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ