Победата на Босна и Херцеговина над Катар со резултат од 3:1 предизвика голема прослава на улиците на Сараево, пишува Н1.ба.
Веднаш по последниот свиреж на судијата, бројни граѓани излегоа на улиците на главниот град за да го прослават важниот триумф на „Змејовите“ на Светското првенство.
Навивачки песни, поворки и знамиња на Босна и Херцеговина ја одбележаа вечерта во Сараево. Особено беше весело во центарот на градот, каде што се собраа навивачи од сите генерации, славејќи го успехот на репрезентацијата, која по 12 години повторно играше на Светското првенство.
Имаше многу тензии во текот на целиот натпревар, а последниот свиреж донесе ерупција од ентузијазам кај навивачите. Многумина ја сметаа победата против Катар како награда за долгоочекуваното враќање на Босна и Херцеговина на најголемата светска фудбалска сцена.
Прославата продолжи и по натпреварот, со песни, факели и навивање, додека навивачите на Сараево уште еднаш покажаа колку им значи репрезентацијата на Босна и Херцеговина и секој нејзин успех на големите натпреварувања.
Но, не само во Сараево, се слвеше низ цела Босна.
Погледнете го видеото од еуфријата ТУКА.

