Да запалиме свеќа и да му ги пееме песните – Во чест на Владо Јаневски утре на платото пред Арена „Борис Трајковски“

Во чест на Владо Јаневски утре, во 20:00 часот, на платото пред Арена „Борис Трајковски“ ќе има собир, за последен пат да му се оддаде почит.

-Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам“, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ, велат од организацијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ