Германските царински службеници на аеродромот Келн/Бон пронајдоа дури 92 живи влекачи скриени во чорапи, во куферот на 45-годишен маж од Мексико. Меѓу конфискуваните животни имало 55 гуштери и 37 змии, вклучувајќи и екстремно отровни видови.
Околу една третина од животните не го преживеале транспортот, објави т-онлине. Невообичаениот случај е откриен за време на контролата на багажот пред околу три недели. Еден човек им се посомневал на царинските службеници откако тестот за дрога покажал позитивен резултат на кокаин. Иако не пронашле дрога во куферот, откриле голем број скриени животни.
Влекачите биле сместени во мали шишиња и чорапи. Меѓу нив, според извештајот, имало саламандери, отровни змии и ѕвечарки. Некои од животните припаѓаат на ретки видови кои се заштитени со прописите за заштита на природата.
„Кога ќе го одвртите капакот, и има неколку змии кои ве гледаат одвнатре, секако дека на почетокот се плашите“, рече Јенс Аланд од Главната царинска канцеларија во Келн.
Патникот, кој според германските медиуми е пожарникар од Мексико, пристигнал во Келн преку Истанбул. На почетокот, царинските службеници не знаеле дека меѓу животните имало екстремно отровни змии. Околу една третина од вкупно 92 влекачи не го преживеале транспортот. Животните што преживеале биле транспортирани во фарма за змии во Шладен, недалеку од Брауншвајг, каде што се згрижени и рехабилитирани.
Германската царина се сомнева дека организирала шверц на животни за комерцијални цели, односно обид за заработка со продажба на ретки и заштитени видови. На 45-годишникот не му е дозволено да влезе во Германија. Федералната полиција го вратила во Истанбул следниот ден наутро, а според царината, тој се соочува со висока парична казна или затворска казна под сомнение за шверц за комерцијални цели, пренесува Вечерњи лист.







