Во Хрватска се спроведува акција за апсење осомничени лица поврзани со нелегално одлагање отпад

Фото: МВР

Во неколку хрватски градови, во тек е апсење луѓе осомничени за поврзаност со нелегално складирање опасен отпад во областа на Госпиќ и други градови во Лика.

Акцијата на членовите на Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал (Ускок) се спроведува во областа на Чаковец, Сењ, Загреб и Карловац.
Се приведуваат луѓе за кои постои сомневање дека сториле тешки кривични дела против животната средина како дел од злосторничко здружение.

Медиумите известуваат дека Ускок ја проширил истрагата поврзана со складирање отпад во Госпиќ, Бенковац и Сењ, што се води против компанијата Типос Ресурс на брачниот пар Јосип и Моника Шинчек. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ