Во меѓународна акција во Албанија се уапсени двајца македонски државјани  – едниот е баран од Интерпол за убиство  

Полицијата во Драч, Албанија во меѓународна операција со кодно име „Бес“, уапси две лица барани од властите на Македонија и со меѓународна потерница на Интерпол за низа тешки кривични дела. Операцијата е спроведена во соработка со Дирекцијата на локалната полиција во Драч, Службата за дипломатска безбедност (ДСБ) на амбасадите на САД во Тирана и во Скопјe, како и македонски колеги.

Уапсени се М. Џ., 26, роден во Скопјe, и С.Н., 34, роден во Норвешка. Двајцата се обвинети од Интерпол за убиство, ранување, нелегално поседување оружје и извршување кривични дела во рамките на криминална организација во Македонија. Според полицијата, при апсењето се пронајдени сомнителни фалсификувани документи за идентификација, кои наводно биле употребени за напуштање на територијата на Македонија и избегнување на правдата.

По спроведената акција, полицијата го уапси и македонскиот државјанин, Џенгис Рушити (26), осомничен за кривични дела „Поддржување на сторителот на кривичното дело“ и „Фалсификување исправа“.

Според прелиминарните истраги, тој е осомничен дека им обезбедил фалсификувани документи на двајцата обвинети.

При претрес во неговиот дом, полициските служби запленија и мала количина сомнителна наркотична дрога Канабис сатива.

Извор: Топ ченел

Видео: Визион тв

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ