Вода топлат во шишиња на сонце за туширање, јадат сува храна и супа од колешката – Пожарникарите на пауза по пожарот во Мариово

Социјалните медиуми се полни со позитивно, но за жал има и негативни коментари за пожарникарите, кои со денови се на првата огнена линија. И додека хероите зад тастатура во оваа ситуација си дозволуват да критикуваат, без притоа да помислат дека како доброволци и тие би можеле да помогнат, исправени пред огнот во Мариово се не само професионалните пожарникри туку доброволци.

Никој не праша како се снаоѓаат ти луѓе, одмараат ли, имаат ли време за јадење?

Одговорот на овие прашање утрово го даде директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов кој објави фотографии од мала пауза, додека да им се исуши опремата и да здивнат со храна за нови сили.

-Мал одмор заедно со дел од доброволните пожарникари, по неколкудневна, деноноќна борба со пожарот во Мариово, во одбрана на селата. Со домашна супа што сами ја зготвиле и со се што ќе се најде во залихите. Пожарникарската облека и чизми се сушат после ноќното и утринско дејсво во овие моменти кога пожарот на критични места е надвладеан… Шишињата со вода, се наредени на ѕидот да ги грее сонцето за да се има млака вода за туширање… Ова е базата во манастирот ,,Св. Ѓорги” кај село Дуње, Мариовско, информираат од ДЗС.

На пожаникарите им се праќала претежно сува храна, но нивна колешка од ДЗС, којае рамо до рамо со нив, им направила топла супа.

На здравје нека им е!

В.М.

Фото: ДЗС

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ