Водата во Гостивар се уште има бактерии, им се носи питка и техничка вода

Фото: МИА

За потребите на Гостивар денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

-Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Гостивар, кажа Ангелов. .

Ангелов повтори дека нема промени со состојбата во Гостивар, односно водата се уште не е за пиење бидејќи во некои од примероците земени од Институтот за јавно здравје сеуште има бактерии. Според него, водата и понатаму е дозволена само за техничка употреба, но набргу очекува да биде прогласена за исправна, додека хиперхлорирањето продолжува понатаму.

-Постои присуството на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање бидејки се опасни за здравјето, особено за луѓе со слаб имунитет. Предизвикуват инфекции на кожата, очите и ушите. Може да доведат до инфекции на уринарниот тракт и белите дробови кај чувствителни лица. Имаат висока отпорност на многу вообичаени лекови и антибиотици, вели Ангелов.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ