Вработен во банка во Гевгелија присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра

Фото: МВР

Вработен во банка во Гевгелија неовластено пристапувал до сметки на двајца корисници и присвоил околу пет милиони денари и над 63.000 евра, поднесена му е кривична пријава.

-ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ