Вработен во болница готвел човечки делови од тела што ги собирал на работа – Полицијата во станот во Будимпешта пронајде човечко лице, рака,череп и потколеница

Полицијата во Унгарија денес објави дека истражува болнички портир под сомнение дека собирал и складирал делови од тела во неговиот стан за лична потрошувачка. Наводниот случај на канибализам од страна на 30-годишникот наводно се случил во унгарскиот главен град Будимпешта.

Полициските службеници кои го претресле домот на човекот заплениле човечки коски, цела потколеница, една рака, неколку черепи и зачувано човечко лице.

За време на испрашувањето, човекот изјавил дека го привлекуваат делови од човечкото тело и дека веќе зготвил и изел некои од нив.

Според извештаите, тој собирал човечки делови на своето работно место, а други ископал од гробишта во Унгарија и соседна Словачка.

Осомничениот отворено разговарал со своето семејство и пријателите за неговата морбидна привлечност, па дури и направил фотографии од својата „колекција“, кои исто така биле запленети од полицијата.

Човекот, чија работа вклучува транспорт на пациенти во болница, првично беше уапсен на 17 јуни и е под судски надзор.

Обвинителството го истражува како осомничен за нарушување на мирот на починатите.

[ИЗВОР]

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ