Расте профитот од патарините – над третина се од таговите и М-карт

Постојано расте приходот од наплата на патарините во ЈП Државни патишта. Од јануари до јуни годинава речиси 31,2 милиони евра се приход од патарините.
Приходот од патарани контиунирано расте
Фото: ЈПДП

Тоа за 3-4 отсто повеќе од ланскиот приход во истиот период од годината, кога биле евидентирани30,9 милиони евра. Со растот на приходите, расте и приходот од електронската наплата, односно од таговите и М-карт. Дури 34 отсто од приходот доаѓа од екелтронската наплата.

Слушајте радио во живо

Секоја наредна година бележи благо зголемување на вкупните финансиски приходи во првото полугодие, што се должи на зголемениот фреквентен сообраќај, но и на постепеното зголемување на степенот на електронска наплата (М-TAG и M-CARD)

Споредбено низ  годините: 2024, 2025 и 2026, врз основа на официјалните податоци од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП):

Година (Јануари – Јуни)Вкупен приход (во денари)Приближна вредност во евраТренд / Споредба
Прво полугодие 2024околу 1,83 – 1,85 милијарди ден.~30 милиони евраБазна точка на стабилен пораст
Прво полугодие 20251.900.255.930 денари~30,9 милиони евраРаст од околу 3% до 4% во однос на претходната година
Прво полугодие 20261.922.000.000 денари~31,2 милиони евраНов континуиран пораст (за околу 21,9 милиони денари повеќе отколку во 2025)

Прочитајте уште на темата:

Опозициските пратеници поднесоа законски измени за намалување на патарините за 50%

Патарините остануваат како давачка. Единствена промена која би можела да се случи во перспектива е измена на начинот на наплата. Во тек се анализи за воведување но систем за наплата на патарина, преку користење на тагови на влезните и излезните точки на автопатите.

За почеток, нов модел би се вовел на патниот правец Кичево – Охрид, а потоа и на други делници.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ