Заинтересираниот инвеститор во ФК Брегалница нема врска со клубот со финансиски проблеми „Либек“, се работи на влезот во штипскиот клуб – реакции од тимот на Саломон

Потенцијалниот германски инвеститор во штипска ФК Брегалница, Франк Саломон е спортски директор и тренер на ФК Феникс Либек и нема врска со ФК Либек, клуб за кој германските медиуми пишуваат дека бил пред банкрот. Вчера објавивме текст со извадоци од германските медиуми, каде ненамерно е врзано името на Саломон со ФК Либек, за што се извинуваме за ненамерната грешка.

Во редакцијата се јави Томислав Блажевски, кој е соработник на Саломон и кратко откри дека се работи на влезот во Брегалница, иако е извесно дека се доцни пред почетокот на сезоната, но инвеститорот не сака да брза пред поставувањето на целиот проект.

Блажевски додаде дека новините ќе ги објават наскоро.    

Веќе информиравме дека општината Штип, како сопственик на ФК Брегалница, почна постапка за продажба на мнозинскиот пакет акции, за што течат преговори со тимот на Саломон. Преговорите се во тек, додека времето не е сојузник во целиот процес, бидеќи остануваат уште 11 дена до почетокот на сезоната и одигрувањето на првиот натпревар на Брегалница како прволигаш.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ