- Истечен е договорот за техничко одржување на апликацијата за пријаца
- За сезоната 2026/2027 планирана е набавка на 80.000 дози, од кои досега се обезбедени 56.000 дози
- Процесот на вакцинирање треба да започне во текот на оваа недела, односно во периодот од 16 до 25 октомври.
Поради тоа, вчера министерот за здравство, Сашо Клековски најави дека ќе се користи Мој термин за закажување на вакцинирањето на категориите пациенти, кои можат да добијат бесплатна вакцина.
–За апликацијата се разрешуваат последните технички проблеми. Знаете дека 18 месеци немаме договор за одржување. Се разрешуваат тие проблеми и апликацијата ќе биде активна. Се извинувам на граѓаните дека доцниме еден ден во однос на најавеното, меѓутоа вакцините се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро, појасни Клековски при денешната посета на Клиничката болница во Штип.
Слушајте радио во живо
Како што е најавено, за сезоната 2026/2027, Министерството за здравство првично планираше набавка на вкупно 80.000 дози бесплатни четиривалентни вакцини против сезонски грип. Досега се обезбедени 56.000 вакцини, чија испорака е поделена во две тури. Првата тура од 30.000 дози според Клековски веќе пристигна во земјата, додека втората тура од 26.000 дози се очекува околу средината на ноември.
Уште на темата:
Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов, велат од МЗ
– Веќе се информирани Центрите за јавно здравје, мислам дека деновиве се завршуваат логистиките, ќе бидат дистрибуирани спрема вообичаената формула на дистрибуција, изјави министерот Клековски.
Вакцинацијата како што е најавено, треба да започне неделава, во периодот од 16 до 25 октомври.





