Збогум Дешан! Зинедин Зидан нов селектор на француската репрезентација

Фото: Јутјуб

Зинедин Зидан стана нов селектор на француската репрезентација, објави инсајдер Фабрицио Романо.

Според Романо, 54-годишниот фудбалски стручњак веќе потпишал долгорочен договор. Усен договор бил постигнат уште во ноември и никогаш не бил доведен во прашање, и покрај интересот за него од неколку клубови.

Дидие Дешан беше на чело на француската репрезентација од 2012 година. Тој ја напушти функцијата по натпреварот за третото место против Англија (4:6) на Светското првенство во 2026 година.

Како главен тренер, Зидан работеше во Реал Мадрид, кој под негово водство освои две шпански првенства, два шпански Суперкупа, три титули во Лигата на шампионите, два Суперкупа на УЕФА и две Светски клупски првенства на ФИФА. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ