Аеродромци го блокираа „Мостот Близнаци“ – бараат чист воздух и трајно решение за Вардариште

Жителите на скопската општина Аеродром утрово повторно излегоа на протест и со блокада на „Мостот Близнаци“ побараа чист воздух и трајно решение за загадувањето.

Причина за револтот се постојаните проблеми со депонијата Вардариште и согорувањето на отпадот на Дрисла, кои создаваат чад и силна непријатна миризба.

Протестот е дел од иницијативата „Стоп за Вардариште“, која веќе неколку недели алармира за итно оградување на депонијата, обезбедување 24-часовно присуство и поставување камери за контрола.

Иако полицијата во повеќе наврати изрече казни за попречување на сообраќај, граѓаните не се откажуваат. На денешниот протест можеше да се видат луѓе од сите генерации со транспаренти „Сакаме да дишеме“ и „Пожарите на Дрисла не се наш проблем, туку ваш срам“.

Од Јавната здравствена агенција информираа дека мерните инструменти не регистрираат алармантни отстапувања, но жителите велат дека мирисот и видливиот чад се доволно јасен доказ за спротивното.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ