Албанката од Кичево, Шазиме Османи е избрана за пратеничка во Парламентот на кантонот Берн, Швајцарија

На изборите одржани во кантонот Берн, меѓу 160-те пратеници е избрана и Шазиме Османи, Албанка со македонско потекло. Избрана е од редовите на Социјадемократската партија на Швајцарија. Шазиме е студентка по право на Универзитетот во Берн, која на едногодишна возраст од Кичево се преселила во кантонот Берн, Швајцарија, каде веќе работеле нејзиниот дедо и татко. Дедото на Шазиме се преселил во Швајцарија во 1979 година од Кичево, додека нејзиниот татко му се придружил во 1993 година. Шазиме pораснала во населбата Бимплиц-Бетлехем во Берн, област каде што децата често се соочуваат со образовни и социјални тешкотии, а во таа насока беше и нејзината кампања.

Претставувајќи се себе, Османи напиша:

„Се гледам себеси како глас на оние кои немаат, како глас на мајките мигрантки кои чистат куќи, а сепак не заработуваат доволно и се чувствуваат лошо затоа што не можат да им помогнат на своите деца со домашната задача. Се гледам себеси како глас на децата на кои не им е дозволено да одат во основно училиште затоа што нивните родители не оделе на универзитет, иако имаат потенцијал, како глас на децата кои не можат да најдат места за чиракување поради нивните имиња. Јас сум гласот на пониската класа. Гласот на луѓето кои се плашат да не се истакнат и да бидат депортирани ако се жалат. Јас правам политика за работничката класа мигранти“.

Швајцарските медиуми Османи ја претставија како „глас на безгласните“, а граѓаните на Берн ѝ ја дадоа својата доверба гласајќи ја да претставува 9.641 граѓанин.

Фото: Инстаграм

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ