Народната банка организира превоз за клиентите на „Алта банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

Алта банка има 19 експозитури и мрежа од 187 вработени – годинава работела со загуби, но се купувале акции
Фото: МИА

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп, Охрид и Ресен, кои имаат платежна сметка во „Алта банка“ АД Битола, а не располагаат со платежна картичка, дека утре (7 ноември), ќе биде организиран превоз од овие градови до филијалата на банката во Битола и назад.

-На овој начин ќе им се овозможи полесно да пристапат до средствата на своите сметки и да подигнат готовина. Враќањето до местото на живеење ќе биде откако сите клиенти на банката ќе си ги подигнат своите средства, соопшти Народната банка. 

НБРСМ го соопшти и распоредот и местата на поаѓање:

Прилеп: плоштад „Методија Антонов-Ченто“ (пред „Реклами“), во 10 часот;

Охрид: градската автобуска станица, во 11 часот;

Ресен: кај маркетот „Кипер“, во 12 часот.

Народната банка потсетува дека од понеделник, 9 ноември, ќе бидат отворени и шалтерите во Тетово и Струмица, каде што граѓаните кои немаат платежни картички ќе може да подигнат до 20.000 денари. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ