Осуден на 45 години затвор за убиство на жена – Прва пресуда за фемицид според новиот закон во Босна

Според обвинението, Анис Калајџиќ претходно ја малтретирал Алдина Јахиќ, ја следел, ѝ се заканувал со смрт и доаѓал во нејзиниот стан и ја убил
45 години затвро за убиство на жена
Фото: МВР

Анис Калајџиќ денеска беше осуден пред Кантоналниот суд во Мостар, Босна и Херцеговина, на 45 години затвор за убиството на Алдина Јахиќ, нелегално стекнување и поседување оружје и продолжено кривично дело загрозување на безбедноста, соопшти босански „Фокус“.

Слушајте радио во живо

Осуден на 45 години затвор

„Денес пред Кантоналниот суд во Мостар беше изречена првостепената пресуда во случајот против обвинетиот Анис Калајџиќ, кој е обвинет за кривично дело тешко убиство на жена, во врска со кривичното дело „неовластено стекнување, поседување и продажба на оружје или основни делови за оружје“ и „загрозување на безбедноста“. Судот денес изрече единствена долгогодишна затворска казна од 45 години, максималната казна“, изјави Анела Реџиќ, експерт за односи со јавноста во Кантоналниот суд во Мостар, на прес-конференција по изрекувањето на пресудата.

Прочитајте на темата:

Љубов која заврши со убиство и самоубиство во Богданци – Телата на обдукција, а обезбедени се и снимки од видео надзор

Според обвинението, Калајџиќ претходно ја малтретирал Алдина Јахиќ, ја следел, ѝ се заканувал со смрт и доаѓал во нејзиниот стан. Во текот на постапката, обвинителството посочи на претходните закани што тој ѝ ги упатил, како и на сведоштва од сведоци кои зборувале за нејзиниот страв.

Ова е првостепена пресуда, прва ваква според новиот закон, на која страните имаат право да поднесат жалба до Врховниот суд на Федерацијата БиХ.

Прочитајте и за ова:

Невропсихијатарот Дудучки за обвинетиот за сериските убиства во кумановско: „Глуми лудило“ – смртната казна би била превенција

Судот утврди дека убиството било испланирано

Врз основа на бројни докази и сведоштва, судот утврди дека обвинетиот планирал да ја убие Алдина Јахиќ и дека не го сторил кривичното дело во афективна состојба.

Според резултатите од двата вештачења, Калајџиќ имал нарушена ментална способност во времето на извршување на кривичното дело, но не значително. Како што изјави обвинителот, двајцата вештаци процениле дека обвинетиот се обидувал да ги измами и „да се преправа дека е луд“.

Алдина Јахиќ беше убиена на 16 ноември 2025 година околу 18 часот во Мостар.

Извор: Фокус.ба

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ