Љубов која заврши со убиство и самоубиство во Богданци – Телата на обдукција, а обезбедени се и снимки од видео надзор

Убиство и самоубиство, велат од ОЈО за тагичниот настан во Богданци, каде згасна два млади животи.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија изврши увид на лице место и издаде повеќе наредби за обезбедување докази со цел да се испитаат причините за настанот. Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор. Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан, велат од ОЈО.

Според ОЈО, има пријава за загрозување на сигурноста од 16-ти минатиот месец.

– Има пријава за загрозување на сигурноста по која веднаш започна да се постапува, а во меѓувреме во граѓанска постапка на лицето му биле определени мерки за заштита од семејно насилство, велат од ОЈО.

Дека момчето било насилник е забележано и во билтенот на МВР од први октомври.

-На 01.10.2026 во 01:10 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 21-годишен жител на Богданци. Според пријавеното, тој на 30.09.2026 околу 21:00 часот во неговиот дом физички ја нападнал неговата 17-годишна девојка. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа тогаш од МВР.

Според неофицијални информации девојчето имало само 17 години и била средношколка во Богданци. Нејзините соученици денес се растревожени, па од таа причина со нив работеле психолог и педагог.

Неофицијално двојчето, подолго време било жртва на насилство од него, па поради тоа не сакало повеќе да биде во врска со 21-годишниот Виктор Г., па и претпоставките како причина за оваа трагедија е токму тоа.

Сепак, за тоа што навистина се случило, дали тој претходно го убил девојчето, го запалил автомобилот, па самиот си пресудил, односно се обесил, треба да го каже МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ