Дел од медиумите на албански јазик се придружија на тврдењето на политичарите од Вреди дека вчерашниот студентски протест е координиран од ДУИ, а на чело беше пратеникот Муса Џафери.
Овие медиуми споделуваа фотографии објавени на социјалните мрежи за време на протестот, во објави во кои се тврди дека функционери на ДУИ заедно со Организацискиот совет од кафетериите го контролираа протестот.
На протестот беше присутно речиси целото раководство на ДУИ, како и поранешните министри за правда Валдет Џафери, Блерим Беџети, Билен Салији, и екс министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.
Владејачката албанска партија Влен обвини дека ДУИ се обидува политички да го манипулира протестот, а Ахмети „го фрли каменот, а сега ја крие раката“.
Претставниците на ДУИ изјавија дека на присуствувале на протестот со да го поддржат, но не како претставници на партијата, туку како родители и професори.
Пратеничката Рина Ајдари ги отфрли тврдењата на коалицијата ВЛЕН, која ја обвинува ДУИ за организирање на протестите. Според Ајдари, протестите се иницијатива на самите студенти и немаат никаква врска со партијата.
„Тврдењата дека ДУИ стои зад организацијата на протестите не се точни. Излеговме да ги поддржиме студентите. За прв пат, студентските сојузи на трите универзитети на албански јазик се здружија и ова е нивна заслуга“, рече Ајдари.
Вчера во Скопје се одржа втор протест со барање за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Студентите Албанци добија поддршка од Албанија и Косово, кои со автобуси дојдоа во Скопје. На протестот се случи и инцидент, кога еден млад човек беше нападнат од протестантите. Полицијата брзо интервенира и ги приведе инволвираните. Според ТВ Алсат, случајот е документиран како „тепачка“.
Фото: zyrtare.net






