Апасиев кон Мицкоски: Дали на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, му имате ветено вдомување на државен универзитет?

На денешната седница за опозициски пратенички прашања, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, упати прашање до премиерот Мицкоски, отворајќи сомнежи за можна политичка трговија и влијание врз избори во академската сфера, но и во Уставниот суд и исходот на предметите во истиот:

„Од три извори ми се потврдени индиции дека претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, Ве споменувал лично Вас, дека сте му ветиле дека по завршување на мандатот ќе биде избран за професор на некој од државните универзитети.

Човеков е цел живот на државна функција и не може да биде ништо друго освен пак на државна функција. Оттука си направил мрежа. Во мај Вие станувате премиер, во јуни тој станува претседател на Уставниот суд, а во 2025 неговата сопруга станува судијка во Апелација.

Веднаш потоа почнува со хвалоспеви за Владата, што е досега нечуено за уставен судија!

Притисоците, според мои сознанија, одат прво кон УКИМ, но династичкиот систем се самозаштитува, па потоа истите се насочуваат кон второрангираниот државен универзитет, каде што било употребено и Вашето име.

Се прават обиди да се вдоми на катедри каде што не ги исполнува условите, па дури и да се протурка во научно звање за подоцна да стане доцент.

Прашањето е: дали Вие лично стоите зад овој проект за вдомување на Дарко Костадиновски по завршувањето на неговиот мандат?” – рече Апасиев од собраниската говорница.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ