По обвинувањата на екс селекторот Игор Ангеловски, кој не е задоволен од изборот на Седлоски за нов селектор на Фудбалската репрезентација, се јави Горан Пандев.
Пандев луто му врати на Ангеловски и на Инстаграм на неговиот профил напиша:
-Се јави големиот селектор, големиот „патриот“. Не дочека ни шест часа да почне да плука . Замислениот Наполеон. Експертот кој во последните години во ниеден клуб не се задржа повеке од 2-3 месеца . Шарлатан кој секогаш се става во прв план. Ајде со мене во пензија доста ти беше, помина времето на шуто и рогато во ФФМ, напиша остро Пандев.






