Маж од село во Македонска Каменица вчера вечерта пред полноќ бил уапсен, бидејќи со 2,39 промили алкохол во крвта управувал „ауди“.
-На 25.10.2026 во 23:28 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициско одделение Македонска Каменица го лишија од слобода Г.З.(34) од село Косевица, Македонска Каменица. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,39 промили алкохол во организмот. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава, информираат од СВР Штип.







