Не почнало се’ од Србија – коментар на македонската Студентарија за победата на Студентската листа  

Србија е доказ дека младите навистина можат да извршат влијание кога се организирани, кога кога знаат што сакаат и кога ќе истраат во своите барања, е првичниот коментар од прес конференцијата на Независната студентска платформа Студентарија по вчерашните вонредни парламентари избори во Србија, на која победи Студентската листа.

На денешната прес конференција, претставниците на Студентарија беа прашани за коментар за тоа дали е можно прелевање на настаните од Србија.

-Поуката што мислам дека можеме да ја извлечеме ние за Македонија е дека не нужно мора да се копира нечиј модел на на протест или нечиј модел на политичко или општествено организирање, но факт е дека е доказ и за младите кај нас дека кога младите, кога студентите се се заедно и кога се истрајни во своите барања можат да да бидат не само набљудувачи на општествените случувања туку директно да влијаат на на тоа што ќе се случува и до која насока ќе се одреди нивната иднина, рече Гоше Николов, основач на „Студентарија“.

Слушајте радио во живо

-Дополнително јас би додал дека пред 10 години во Македонија имаше студентски протести и барања за промена на на систем и тоа вроди со ефект, така да не почнало се’ од Србија, додаде Александар Николовски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ