ЈЗУ Клииничка болница –Штип во соработка со ЈЗУ УК Неврологија –Скопје ,по повод одбележување на Светскиот ден на мозочниот удар планира да организира јавна хуманитарна акција која ќе се одржи на Градски Плоштад во Штип утре (27.10.2026) во периодот од 08:00 до 10:00 часот.
-Во рамките на настанот ќе се врши бесплатно мерење на нивото на гликемија во крвта и мерење на крвниот притисок кај заинтересираните граѓани ,со цел подигнување на свеста за превенција од мозочен удари и за значењето на навременото откривање и контрола на ризик факторите, информираат од Клиничка болница-Штип.






