„Ги загубивме изборите“ – Вучиќ го призна поразот

Фото: Видео принскрин

Претседателот на СНС Александар Вучиќ вечерва го призна поразот на вонредните парламентарни избори во Србија.

– Јасно е дека ги загубивме изборите. Ние освоивме отприлика 105 мандати, а студентската листа 135 до 140 мандати – рече лидерот на СНС во своето обраќање до јавноста точно во 21 и 30 часот. 

Според Вучиќ, за СНС гласале околу 1 милион и 720 илјади изборачи, додека за студентската листа околу 2 милиони и 200 илјади.

„Многумина ќе бидат изненадени, а вие ќе сфатите до кој степен некои луѓе лажеле и какви работи измислувале. Сакам да ве информирам дека, врз основа на стратификуван примерок – па, јасно е дека ги изгубивме овие избори“, рече Вучиќ.

Никој друг не влезе во Собранието, додаде Вучиќ. 

„Всушност, чекајте – Унгарците од Војводина влегоа со 3 пратенички места, Албанците со едно место, а мислам и СДА – иако не ме држете за збор. Значи, ние имаме некаде околу 1.720.000 гласови – ова ви го кажувам врз основа на примерок, иако тоа е сосема неважно. Тие имаат околу 2.200.000 гласови.“ МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ