УЈП ги проверува приливите од 2021 година – Се’ од странство: Хонорари, плата, изнајмување

УЈП испрати персонализирани известувања до граѓаните по контролирањето на податоците добиени од банките за паричните приливи од странство остварени од физички лица во текот на 2021 година.
  • Контрола за 2021 година: УЈП започна со проверки на приливите од странство врз основа на податоци од банките и испрати персонализирани известувања до граѓаните со рок за подмирување на обврските.
  • Што се оданочува, а што не: Обврската за пријавување важи за плати, хонорари, фриленс, закуп (вклучително Airbnb и Booking), капитални добивки и други приходи, додека приливите од подароци, семејна поддршка, позајмици или брзи трансфери (Western Union, Ria) не подлежат автоматски на оданочување.
  • Доброволно подмирување или законски мерки: Доколку обврските не се исполнат доброволно во зададениот рок, УЈП најавува преземање законски мерки за утврдување на данокот.

Опфатени се резидентите кои оствариле ваков доход, кои во известувањето добиле и конкретен рок за плаќање на данокот.

Од УЈП потсетуваат дека граѓаните во претходниот период во неколку наврати беа јавно повикани и информирани за обврските.

Слушајте радио во живо

-Доколку обврските не се исполнат доброволно, Управата за јавни приходи ќе ги преземе мерките во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот, предупредува УЈП

Што треба да се пријави, а што е ослободено од оданочување?

Од УЈП нагласуваат дека не секој прилив од странство подлежи на оданочување во земјава, што значи дека не секој примател на порака има обврска да поднесува е-ППД пресметка.

Прочитајте уште на темата:

УЈП попушти – Ќе нема ретроактивно оданочување за студентите кои работеле во Германија

Доход што подлежи на оданочување:

-Доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги и фриленс ангажмани).

-Доход од закуп, вклучително и издавање преку платформи како Airbnb и Booking.com.

-Капитални добивки од продажба на имот, хартии од вредност или криптовалути.

-Доход од капитал (дивиденди и камати), авторски права, добивки од игри на среќа и други законски дефинирани приходи.

Прочитајте и за ова:

„Како што е сега хаос во такси превозот никогаш не било“ – Надлежните затвораат очи пред сивата економија за социјален мир

Приливи кои не се оданочуваат автоматски: Средствата добиени по основ на подароци, семејна поддршка, позајмици или трансфери преку брзи трансфер сервиси (како Western Union, Ria и MoneyGram) не подлежат автоматски на данок само затоа што доаѓаат од странство. Даночниот третман зависи од вистинскиот основ, поради што граѓаните треба да чуваат соодветни докази.

Управата апелира граѓаните навремено да ги проверат своите обврски и да поднесат електронска пресметка (е-ППД) со цел да се избегнат евентуални прекршочни или дополнителни даночни постапки.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ