Нa последното издание на балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапи и кандидстката од Крушево, Ребека Јанкоска, која ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“. По завршување на пеењето на Ребека, следуваа коментари од претставниците на жири комисијата, а коментарот на Ѓорѓе Давид ја разбранува јавноста.
Ѓорѓе и даде глас на Ребека, познат е како голем љубител на македонските кандидати и се бори за нив, но вчера рече:
-Првата песна од Гоце е обработка од стара бугарска песна, која има многу крв во себе, рече меѓудругото Давид.
Оваа реченица ја разбранува македонската јавност, особено што песната „Дали чекаш стара мајчице“ ниту е бугарска, ниту, пак, е стара народна, бидејќи зад неа стои авторски тим. Песната прв пат Гоце Арнаудов ја испеа на Фолк фест „Валандово“ во 1994 година.Автори на песната се браќата Миле и Ѓорѓе Барбаровски, а аранжманот го направи Живојин Глишиќ.
По бурната реакција Ѓорге Давид се извини и на македонската јавност и на авторкиот тим.
-На сите од Македонија им благодарам што ми пишавте и што ми објаснија. Им се извинувам на браќата Барбаровски кои ја напишаа песната, за кој бев убеден дека е обработка од бугарска песна . Јас прв пат таа песна ја слушнав во Бугарија. Еве и јас имам една информација, која не ја знате а то е дека таа песна е препеана од еден пејач. Јас пред година ипол прв пат ја слушнав таму и немав поим Браќа Барбаровски се извинувм. Не се жестите, сите знаат колку ја сакам Македонија, така да на секој му се поткраднува грешка, рече Давид на Инстаграм стори.







