За инцидентот соопшти МВР во денешниот билтен.
-На 23.10.2026 околу 22:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, патничко возило „волво” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Џ.Д. од Гостивар, удрило во диво животно – мечка. Ветеринар од Зоолошката градина Скопје констатирал смрт кај животното. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
Слушајте радио во живо
За проблемот со мечките до сега реагираа жителите на планинските села, но во последен период, немало ваков случај, мечка да стигне до автопатот. Неодамна беше спроведен мониторинг и пребројување на популацијата на мечките, при што беше утврдено дека во Националниот парк Маврово моментално живеат над 180 кафеави мечки. Според овие податоци, тоа е бројка која сериозно го надминува природниот капацитет на овој планински регион.
-Наместо да бараат храна во длабоките шуми, овие големи предатори секојдневно слегуваат во Галичник и околните населени места, привлечени од мирисот на неисчистениот и отворен комунален отпад во контејнерите. Еколозите предупредуваат дека вината за оваа опасна близина не е кај животните, туку кај луѓето кои со лошото управување со ѓубрето буквално ги дресираат мечките да се хранат во нивните дворови. Додека локалното население оправдано стравува за својата безбедност, државата сè уште доцни со поставувањето на специјални метални „контејнери за мечки“ кои би го решиле овој конфликт меѓу човекот и природата, пишува Див свет Македонија.
Фото: Тетова сот





