- Инвестиции во политичари наместо во берза: Според адвокатот и активист Умејр Муамеди, македонската бизнис елита и олигархијата не инвестираат во берза, туку во политичари и политички партии, правејќи ги политичарите заложници со цел законите да не важат за нив и да останат главни кочничари на евроинтеграциите.
- Конформизмот на интелектуаците: Муамеди посочува дека најголем проблем во општеството не се сиромашните, туку конформузмот на интелектуаците кои приватно се жалат, а јавно им се „лигават“ на политичарите и користат врски, за разлика од новата генерација Z која има повисоки критериуми и бара подобро образование, здравство и услови за живот.
- Ставови за системот и правната држава: Муамеди истакнува дека поради своите отворени и критични ставови за општествените појави и корумпираното правосудство (каде човечки судбини се решаваат според тоа кој повеќе ќе плати), тој е подеднакво неомилен и кај македонските и кај албанските политичари.
Муамеди, кој со своите прогресивни ставови стана популарен и кај македонската и кај албанската јавност, е млад адвокат, кој за себе вели дека поради јасно искажаните ставови не е омилен кај правосудната елита, која решава човечки судбини и случаи според тоа кој повеќе ќе плати.
Слушајте радио во живо
Чест учесник е на протести од својата 16-та година, без разлика дали се организирани од Македонци и Албанци, доколку се поддржани од граѓаните, во интерес на граѓаните и правата на луѓето. Вели дека подеднакво е неомилен кај политичарите Македонци и Албанци, бидејќи отворено зборува за појавите и општеството во кое живееме. Но, според Муамеди, Македонија е земја во која политичарите се заложници на една бизнис олигархија, која владее со земјата, не сака промени, ниту влез во ЕУ.
-Моментално кај нас бизнисите инвестираат кај политичките партии, кај политичарите.Политичарите се заложници на олигарсите и на бизнис елитите. Тоа го прават за да не важат правила и законите. Само за нив и политичарите не важат законите. Тие се главни кочничари на патот кон ЕУ. Зошто им треба ЕУ, кога живеат убаво тука?! Во ЕУ не добиваат ништо освен конкуренција. Ќе бидат под надзор, а не како сега да си прават што сакаат, смета Муамеди.
Прочитајте на темата:
(Видео) Европа врие! Палки во Мадрид, полициски час во Париз, водени топови и солзвец во Тирана
Во емисијата во фокус беа младите и студентските движења, актуелните студентски иницијативи, организирањето преку листи и начинот на кој младите го изразуваат своето незадоволство преку протести во македонското општество.
Во анализата на делувањето на младите, Муамеди рече дека Генерацијата Z е поинаква, бидејќи е помодренизирана, попрошетана и има поинакви критериуми за тоа што значи квалитетен живот.
-Има луѓе кои сметаат дека секоја власт правилно тера, бидејќи не знае дека има подобро. Мислат дека ако им ја покачиле пензијата, нема како нив власт. А ако нешто му се случи, пензијата ќе ја потроши во еден ден. Се соочуваат со бирократски лавиринти, ќе отиде на лекар, а влезе некој друг преку врски, за безбедноста да не зборуваме – може на пешачки премин да го згази и толку од животот. Нема прогрес, затоа што луѓето мислат дека прогрес е покажување на платата и толку, смета Муамеди.
Според активистот, друг голем проблем не се сиромашните, не е ни рационалноста на сиромашните, туку конформизмот на интелектуалците.
-Имаме интелектулаци кои во приватни разговори кажуваат колку е лошо, а од друга страна, први се кои ќе фаќаат врски за нешто да добијат и најмногу им се „лигават“ на политичарите. Ги разбирам сиромашните кои даваат глас за вреќа брашно, но овие што немаат егзистенцијален проблем и се „лигават“ на политичарите, тие не можам да ги разберам. Генерацијата Z бараа нешто ново – подобро здравство, подобро образвание, подобри животни услови, изјави Муамеди.
Целата емсија може да ја погледнете на снименото видео:





